речник контакт

Ирците создадоа бесплатна енергија!???

Оваа енергија не доаѓа од конверзија од некој друг извор и дека \"буквално е создадена\". Токму тоа е во судир со базичниот принцип на физиката според кој енергијата не може да биде создадена ниту уништена туку дека таа само ја менува својата форма...

lj lkjl

Компанијата Стеорн открива дека нејзиниот пронајдок се темели на интеракција на магнетни полиња што продуцира чиста, бесплатна и постојана енергија - концепт кој се коси со еден од базичните темели на физиката.

За да го поттикне интересот и на пошироката јавност, фирмата неодамна откупи и рекламен простор во магазинот Економист а на нејзиниот оглас се искористени зборовите на ирскиот нобеловец Џорџ Бернард Шо:
 \"Сите големи вистини започнуваат како богохулења\".

Во Стеорн велат дека првите 6 месеци и самите не можеле да поверуваат во она до што дошле, а дошле сосема непланирано и неочекувано, работејќи на сосема друг проект.

Нагласуваат дека нивната енергија не доаѓа од конверзија од некој друг извор и дека \"буквално е создадена\". Токму тоа е во судир со базичниот принцип на физиката според кој енергијата не може да биде создадена ниту уништена туку дека таа само ја менува својата форма.

Стеорн признаваат дека нивното чудо не може да биде комерцијализирано се додека не се привлече значаен научен интерес за него и не се добие сериозна академска верификација па затоа апелираат до научните кругови слободно да ги извршат сите можни тестирања кои ги сметаат за потребни.

Велат, кај нив и досега доаѓале научници - поединци и сите \"оф рекорд\" биле импресионирани од фактот дека системот навистина функционира.

АНКЕТА »

Дали ФК Борец ќе го мине баражот и од есен ќе игра во Втората фудбалска лига?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »